Испитувањата се направени согласно SRPS EN ISO и ASTM стандарди како и ISO 17225-2:2014
Пелетите се биолошко гориво кое се прави од отпадот од дрвната индустрија (пилевина и сл.). Тој отпад потоа се ситни и суши, каде потоа се набива под притисок.
Пелетите се цилиндричен облик со пречник од 6 – 7 милиметри, додека нивната должина најчесто изнесува од 10-30 милиметри.
Тие се погодни за користење бидејќи не е потребен голем простор за складирање како што е кај грејното дрво. Исто така се погодни за употреба, бидејќи можат да се користат кај котли кои се потполно и целосно автоматизирани. Уште една од нивната предност е тоа што оставаат многу малку пепел по нивната употреба.
Пелетите исто така и претставуваат еколошко чисто гориво.