Бизнис секторот продолжува да донира во прилепската болница – Компанијата “Гаро Градба” обезбеди вреден инструмент

  • Home
  • Новости
  • Бизнис секторот продолжува да донира во прилепската болница – Компанијата “Гаро Градба” обезбеди вреден инструмент
07MAR
2025

Компанијата “Гаро Градба” од Прилеп донираше вреден инструмент за потребите на прилепската болница “Борка Талески”.

-Со голема благодарност ја примивме донацијата – батериска пила, која ни е основна алатка во нашата секојдневна работа. Овој медицински инструмент ќе се користи при сложени хируршки интервенции, како што се остеотомиите за ендопротеза на колк и колено, како и при други ортопедски и трауматолошки процедури.

Оваа донација значително ќе придонесе за подобрување на квалитетот на здравствената заштита што ја нудиме на нашите пациенти, овозможувајќи прецизност, ефикасност и безбедност при хируршките зафати.

Во име на целиот медицински тим при ортопедско – трауматолошко одделение изразуваме длабока благодарност до Гаро Градба – Прилеп за нивната несебична поддршка и општествена одговорност.

Ваквите донации се од огромно значење за унапредување на медицинските услуги и за доброто на нашите сограѓани. – напишаа од болницата на социјалните мрежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Leave A Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *