Историјат

Гаро Градба Прилеп е компанија во приватна сопственост, основана во 2000 година, која своите почетоци ги бележи уште во далечната 1987 под името ТОРИХО, со примарна дејност продажба на секаков вид градежни материјали од познати производители од Србија, Хрватска, Словенија, Италија, Германија, Унгарија, Романија и други, како и дистрибуција и продажба на производи од наши македонски производители. Нејзината локација, на излезот по стариот пат од Прилеп према Битола, и дава уникатна можност за лесен пристап до неа како за нашите добавувачи така и за нашите клиенти.

Квалитет

Квалитетот е во фокусот на компанијата, инсистираме да нудиме материјали со врвен квалитет, како и материјали кои ги задоволуваат и најстрогите стандарди за безбедно и ефикасно градење што важат во развиениот свет, затоа постојано ги следиме светските трендови и достигнувања во градежништвото и се обидуваме на македонскиот пазар да ги донесеме најсовремените материјали за кровови, термоизолација, хидроизолација, оџачки системи, системи за сува градба, системи за безбедно шалување и целиот сегмент за изведување квалитетни и модерни завршни работи во градежништвото. Долготрајноста, довербата и заедништвото со купувачите, добавувачите и вработените се трајни вредности за компанијата. Нашиот успех е резултат на нашата деловност со нашите купувачи и добавувачи, ние постоиме за нив!

ТИМ

Благоја Кебакоски

раководител

Mартин Мачески